18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот телевизор на Philips

Новиот телевизор на Philips

philips-designline

Телевизорот на „Philips“, „Design Line“ на прв поглед дефинитивно е еден од најинтересните уреди во последно време. Тој ќе биде со димензии од 46 и 55 инчи, а производителот одлучи да го направи во една стаклена целина.

Па така телевизорот нема база, екранот и неговиот долен дел изгледаат како една целина, а производителот го дизајнираше така да едноставно го потпрете на ѕид и да го користите. Тоа веројатно значи дека е доволно тежок за да не падне.

Во промотивното видео дизајнерот Френк Ретенбахер наведува како сакале да се оддалечат од вообичаениот начин на производство, а шефот за дизајн, Род Вајт додава дека сакале да направат нешто што е предмет на желбите на купувачите. Со телевизорот доаѓа и „Ambilight“ технологијата која проектира бои од екранот на околниот ѕид. Прашање е каков ќе биде конечниот квалитет на сликата и колкава ќе му биде цената кога во јуни ќе започне продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП