2 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen осми последователен месец бележи намалена продажба

Volkswagen осми последователен месец бележи намалена продажба

New Volkswagen cars are stored at Car storage Towers at Volkswagen plant in Wolfsburg

Најголемиот производител на автомобили во Европа – „Volkswagen“ продолжува да се соочува со тешкотии со својот главен бренд. И во мај концернот забележува опаѓање на глобалната продажба на автомобили од овој бренд.

Спрема мај 2014-та година, бројот на испорачани автомобили забележа пад за 5,9 отсто до 499.500 примероци, изјави компанијата со седиште во Волфсбург.

Се покажа дека главниот бренд со модели како „Golf“ и „Passat“ бележи опаѓање во продажбата осми последователен месец. По првите пет месеци од почетокот на годината во целина, брендот има продадено за 3% помалку автомобили на годишна основа. Во април намалувањето за четирите месеци беше 2,2 отсто.

„Брендот „Volkswagen“ еволуираше благо опаѓање во мај во една напната ситуација на пазарот“, појаснува директорот за продажба Кристијан Клинглер. Тој посвети и внимание на фактот дека овој мај имал два работни дена помалку во однос на оној во 2014-та година.

„Ова исто така е причина за ваквиот развој и имаше влијание, пред се во Европа“, појасни тој.

И додека во целина продажбата во Германија останува добра, бизнисот слабее пред се во Русија (пад од 47,2% до мај), САД (- 4,2 отсто) и Јужна Америка (намалување од 22,4 отсто). Сериозно е намалувањето на продажбата и во Кина, каде што „VW“ го продава речиси секој втор свој автомобил. Таму балансот за првите пет месеци забележува опаѓање од 3,7 отсто на годишно ниво или до 1,12 милиони продадени возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП