17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDish Network преговара со банки за договорот со T-Mobile

Dish Network преговара со банки за договорот со T-Mobile

dish-network-tmobile-us-inc

„Dish Network Corp.“ смета дека ќе привлече капитал во износ помеѓу 10 и 15 милијарди долари за трансакцијата со „T-Mobile“, посочуваат извори запознаени со ова прашање, цитирани од „MarketWatch“.

Затоа компанијата е во процес на преговори со банките, а на тој начин сателитскиот оператор планира да обезбеди монетарен дел од финансирањето, потребно за спроведувањето на договорот. Потсетуваме дека се очекува евентуалната трансакција да се реализира преку кеш и акции.

Зделката меѓу двете компании е неизвесна и сосема е можно да не се оствари, пренесува уште „MarketWatch“. Оваа несигурност произлегува претежно од фактот дека не е јасно како „Dish Network Corp.“ ќе плати за „T-Mobile“. Пазарната вредност на „T-Mobile“ е 31 милијарди долари, додека онаа на „Dish“ изнесува 34 милијарди долари.

Од друга страна, преговорите со финансиските институции кои „Dish Network Corp.“ ги води, се подразбира дека можеби компанијата е поблиску до купување на „T-Mobile“. Ако договорот стане факт, ќе бидеме сведоци на сливот на вториот по големина сателитски оператор во САД и четвртиот по големина оператор на мобилни услуги во земјата.

На „Dish“ и недостасува клучната услуга за пристап до широкопојасен интернет со цел за да се надомести помалиот интерес за телевизиските услуги. Компанијата исто така вложи милијарди долари во безжични лиценци, но нема добро развиена мобилна мрежа за да ги пушти во употреба. Безжичната услуга на „T-Mobile US“ ќе помогне за решавање и на двете потреби.

„T-Mobile“ во меѓувреме постепено ја проширува листата со претплатници во последните неколку квартали, но сепак останува далеку од многу поголеми ривали како „AT&T“ и „Verizon Communications“. „Dish“ би и дал на „T-Mobile US“ пат кон зголемување на капацитетот на оваа мрежа.

„T-Mobile“ има околу 44,7 милиони корисници, вклучувајќи ги основните и припејд корисници. „Dish“ пак има 13,8 милиони корисници на сателитска телевизија и 591.000 на интернет услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП