4 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle ви помага да изберете смартфон

Google ви помага да изберете смартфон

telefon za vas

Ако се размислувате за купување на нов паметен телефон, но освен доколку сакате да е со „Android“, и не сте сигурни каков модел или бренд да изберете, „Google“ ќе ви помогне.

Интернет пребарувачот лансираше нов сервис за помош при изборот на точниот „Android“ смартфон за корисниците. Апликацијата поставува прашања, како на пример она за што главно ќе го користите смартфонот, како и во која избрана категорија да биде, а врз база на тоа ви дава предлози за паметен телефон, кој одговара на вашите барања.

Како дополнителни критериуми можат да бидат поставени уште прашања, на пример да се разликуваат по големината на дисплејот или цените.

Услугата се нарекува „Which Phone“, а таа на корисниците им нуди три предлози врз база на претходно поставените критериуми. Според изданието „The Verge“ сепак, резултатите се во голема мера предодредени, откако кај повеќето од вашите критериуми крајните резултати се вклучуваат предлози за „LG G4“, „Samsung Galaxy S6“ или „Galaxy Edge“.

Постари верзии на премиум телефони, може да се најдат меѓу предлозите кои се прикажани при изборот на смартфон со пониска цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП