30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПротест против продажбата на Телеком, Владата на Словенија ќе продава 91 фирма

Протест против продажбата на Телеком, Владата на Словенија ќе продава 91 фирма

Image (69)

Околу две илјади граѓани протестираа во Љубљана против продажбата на Телеком и други државни фирми.

Демонстрантите во четвртокот се собраа пред Телеком и пред Собранието, а водачот на здружената левица , Лука Месец нагласи дека државата го продала Телеком за ситни пари и дека тоа е само вовед во третиот бран на приватизација.

„Лева рака, десен џеп“, „За работничкото самоуправување“, беа дел од паролите на протестот.

Демонстрациите ги организираше Коалицијата против приватизацијата која ги обединува политичките движења, невладините организации и синдикалните конфедерации чии став е дека стратегијата за управување со фирмите којашто ја предложи владата на Словенија, всушност претставува стратегија за приватизација.

Како што јавува српската агенција Бета, Владата на Словенија планира да продаде уште 91 фирма во државна сопственост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП