21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајочекуваните смартфони за оваа година

Најочекуваните смартфони за оваа година

ocekuvani

Циклусот за претставување на нови модели од водечките производители постојано се стеснува.

Откако од почетокот на годината до моментов, водечките производители ги претставија премиум моделите како „Galaxy S6“, „HTC One“, „LG G4“ и други, еве што претстои да видиме до крајот на годината.

Смартфонот на „Google“ – „Project Ara“

ocekuvani1

Тоа е еден концепт кој се повеќе се приближува до реалноста. Смартфонот се очекува да дава целосни можности на корисниците за конфигурација на неговите технички параметри, благодарение на специјалните модули на кои е поделен, вклучувајќи камера, батерија, процесор, внатрешна меморија и друго. Тој ќе биде пуштен на тестирање во Порторико, подоцна во текот на годината.

„Samsung Galaxy Note 5“

ocekuvani2

По неверојатниот успех на „Galaxy Note 4“, можеби за повеќето очекуваниот уред за оваа година е овој фаблет. Очекувањата кон него се исклучителни, а експерите уште расправаат по однос на некои од техничките карактеристики, со кои ќе се одликува моделот, како на пример дали тоа ќе е првиот паметен телефон од водечкиот производител со 4К-дисплеј. Пазарните набљудувачи се поделени и во однос на очекувањата за камерата. Според половина од аналитичарите, таа ќе биде 21-мегапикселна, додека според останатите ќе е 16-мегапикселна. Инаку смартфонот најверојатно ќе е со новиот процесор на „Samsung“ – „Exynos 7422“. Постојат очекувања фаблетот да биде претставен и во варијанта „Edge“, која ќе е со малку помал дисплеј од 5.4 или 5.5 инчи. Се појавија гласини дека фаблетот ќе биде претставен во јули.

„iPhone 6S“

ocekuvani3

Моделот исто така можеби ќе се појави во две големини. Најочекуваната нова карактеристика на смартфонот ќе биде дисплејот, кој ќе располага со нова технологија за препознавање на силата на притисокот. Се очекува да има подобрување и на камерата, која ќе биде 12-мегапикселна. Имаше шпекулации дека може да биде проследен примерот на „HTC One M8“ за две камери за поголема длабочина на сликите. Можно е екранот да е направен од сафир, што не успеа да се реализира кај моделот „iPhone 6“ поради производствени проблеми. Според многу експерти, „Apple“ ќе премине кон „QHD“ резолуција, за да се доближи во поголема мера до конкурентите.

„Moto X 2015“

ocekuvani4

Нема многу информации поврзани со следниот премиум модел на „Motorola“. Очекувањата се тој да е со процесорот „Snapdragon 810“ на „Qualcomm“, како и со 5.2-инчен дисплеј со резолуција „QHD“. Според некои експерти, моделот може да се понуди во две варијанти во однос на екранот. Квалитетот на камерата на досегашните модели на компанијата беше меѓу главните недостатоци, па се очекува суштинско подобрување во оваа насока.

„Lumia 940Xl“

ocekuvani5

Ова може да е првиот паметен телефон од висока класа, претставен од „Microsoft“, откако компанијата го купи бизнисот за паметни телефони на „Nokia“. Се очекува смартфонот да е со процесорот „Snapdragon 810“, како и да располага со 3GB RAM меморија. Екранот најверојатно ќе е „QHD“, а камерата од 20 мегапиксели. Тој најверојатно ќе е со последната верзија на оперативен систем – Windows 10, а ќе е надополнет со Office 365.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП