
Интел Капитал, глобална инвестициска организација на Интел корпорацијата, денес го објави фондот за разновидност на Интел, преку кој ќе се инвестира во технолошки стартапи водени од жени и од незастапени малцинства.


Интел Капитал, глобална инвестициска организација на Интел корпорацијата, денес го објави фондот за разновидност на Интел, преку кој ќе се инвестира во технолошки стартапи водени од жени и од незастапени малцинства.
Исто така, објавени беа првите инвестиции на фондот во четири компании, предводени од инспиративни пионери. Како најголем од ваков вид, фондот изнесува 125 милиони долари и ќе покрие со инвестиции широк спектар на иновативни индустрии.
„Ние веруваме дека разновидност и инклузивност на работното место се од фундаментално значење за испорачување на бизнис резултати,“ рече извршниот директор на Интел Брајан Крзанич.
„Нашата цел е со овој фонд значително да ги поддржиме технолошките стартапи, а нивната работна сила да е одраз на општеството, за на крајот Интел и пошироката економија да имаат бенефит од неговиот успех“.
Денешните вести следат по јануарската објава на Интел-овата Diversity in Technology иницијатива, со цел да се поттикне поголема разновидност кај Интел, како и во технолошката индустрија во целост. Интел ја обелодени својата намера да постигне целосна застапеност на жените и малцинствата кај својата работна сила во САД до 2020-та година.
„Горди сме што преземаме водечка улога и пошироко учество во технолошкото претприемништво и вработување“, рече Лиса М. Ламберт, извршен директор и потпретседател на Интел Капитал, го води фондот за диверзитет.
„Со овој нов фонд, Интел Капитал се посветува на инвестирањето во најголемите таленти од огромен број на средини за да култивираат брилијантни иновации кои ќе служат на различните потреби на луѓето“, додава таа.
Само 15 проценти од компаниите финансирани со заеднички капитал во САД имаат жена како дел од извршниот тим, според истражување на Бабсон колеџ, и компаниите со жена на позицијата извршен директор добиваат само 3 проценти од целиот заеднички капитал.