6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLenovo го претстави ZUK, нов бренд на смартфони

Lenovo го претстави ZUK, нов бренд на смартфони

luk lenovo 220

Според информациите кои се појавија на интернет станицата „GizmoChina“, „Lenovo“ во Кина ќе стартува нов бренд за паметни телефони кој ќе се нарекува „ZUK“. На овој начин, компанијата очекува да ја зголеми својата присутност и конкурентност на многу активниот кинески пазар на паметни телефони.

Новиот „ZUK“ бренд ќе работи целосно независно од „Lenovо“, па како таков ќе биде директен конкурент на компаниите како што се „Huawei“ и „Xiaomi“.

„ZUK“ најмногу ќе се концентрира на софтверскиот аспект во своите уреди, а првиот модел наречен „Z1“ веќе е во подготовка и се очекува во текот на есента да се појави на пазарот. Станува збор за уред од високата класа со кој ќе доаѓа графичкиот интерфејс „ZUI“.

Иако „Lenovo“ е голема компанија, „ZUK“ ќе биде мал бренд присутен исклучиво во Кина и ќе има вкупно 400 вработени, а од тој број, 350 од нив ќе бидат задолжени за софтвер и флуидност на уредите.

Голем акцент ќе биде ставен на развојот на „ZUI ROM“ и на собирањето на повратни информации од корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП