17 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗMacan доби кинеска копија (фото)

Macan доби кинеска копија (фото)

zoynas

По „Range Rover Evoque“, кинеската авто-индустрија клонираше уште еден лусузен „SUV“ модел. „Porsche Macan“ доби своја „сиромашна“ верзија – „Zotye T700“.

zoy1

Меѓутоа, со основната цена од скоро 60.000 долари, овој автомобил е прескап за голем број на Кинези.

Локалниот производител, „Zotye Auto“, дојде до идеа на купувачите во оваа земја да им понуди копија на „Macan“, а цената да биде на половина.

zoy22

zoy23

Наместо за оргиналот да платат 57.980 долари, колку во Кина чини најевтиниот „Macan“, тие што ќе можат да соберат 27.390 долари ќе можат да уживаат во моделот „Zotye T700“, кој од далеку не се разликува од многу поскапото „Porsche“.

Па така „LandWind X7“ (клонот на „Range Rover Evoque“) доби достоен ривал на кинескиот пазар.

zoy33

zoy34

Секоја сличност на моделот „T700“ со „Porsche“ се завршува на дизајнот на возилото, со оглед дека Кинезите не ги клонирале и погонските системи.

Како што пренесуваат локалните медиуми, купувачите затоа ќе мораат да се задоволат со 1.5 и 2.0 литарски турбо-мотори од домашно производство.

zoy44

zoy45

На компанијата „Zotye Auto“ ова не и е прв пат да копира модел на некој европски производител на автомобили.

Претходно на купувачите во Кина им го понуди моделот „SUV T600“, клон на „Volkswagen Touareg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП