8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen ја обнови спортската Jetta

Volkswagen ја обнови спортската Jetta

jetka

Компанијата „Volkswagen“ го претстави обновениот седан „Jetta“ кој ќе биде понуден првенствено на американскиот пазар во верзија „GLI“. Машината е направена во стилот на моделот „Golf GTI“.

Спортската „Jetta“ доби агресивна решетка на ладилникот, различни светла за магла, нов дифузор, како и двојни хромирани цевки на издувниот систем. Уште во основната верзија „GLI“ има имиџ систем „MIB 2“, како и функција за автоматско кочење по несреќа која спречува повторен судир.

Во верзијата „SE“ возилото е опремено со „LED“ задни светла, систем за далечинско отклучување на возилото со копче за стартување на моторот, автоматски двозонски клима уред, камера за рикверц и седиште на возачот со можност за регулација во 6 насоки. Освен тоа има сензори за дожд, панорамски покрив, систем за менување на светлата од долго на средно светло, преден и заден „парктроник“ и аудио „Fender“.

jetka 1

Топ-верзијата – „SEL“, се разликува по „Bi-Xenon“ главните фарови, системот за следење на мртвите зони, кој предупредува за подвижни возила во опасната близина, како и со системите за навигација и далечински управувач „Home Link“.

Под хаубата на автомобилот е поставен 2,0-литарски бензински турбо мотор со 4 цилиндри „TSI“. Тој развива моќност од 210 КС и 280 Nm вртежен момент. Погон на предните тркала се случува со помош на 6-брзински мануелен менувач, а како опција се нуди исто така 6-брзински, но автоматски менувач со две квачила

Продажбата на обновената „Jetta GLI“ ќе стартуваат до крајот на месецот. Основната верзија на седанот ќе се продава по цена од 27.700 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП