9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАуди задоволен од работата на Дукати

Ауди задоволен од работата на Дукати

Audi-Ducati

На годишната прес-конференција на Ауди беа прикажани најновите резултати од работата на последната аквизиција на германскиот бренд, компанијата Дукати.

И покрај стравувањата, купувањето на Дукати се покажа како одлична инвестиција, поради тоа што тие покажале импресивни резултати. Во однос на 2011-та година, италијанскиот производител во минатата година остварил раст на приходите за 16 проценти со рекордни испорачани 44.102 мотоцикли.

Најголем раст од близу 21 процент е остварен во САД, а извршниот директор на Дукати, Габриеле дел Торкио соопштил дека во 2012-та година компанијата заработила 606 милиони евра.

По одличните деловни резултати многумина се надеваат дека со помош на Ауди, Дукати ќе успее да направи и конкурентен мотоцикл за првенството во Мото ГП.

Останува да се види дали желбата на фановите ќе вроди со плод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП