24 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДали сте подготвени за смартфони со 4К дисплеј?

Дали сте подготвени за смартфони со 4К дисплеј?

sf 4k displej 22

Смартфоните со дисплеи „Quad HD“, или резолуција од 1440 х 2560 пиксели, се повеќе вообичаени на пазарот.

Поради тоа производителите веќе погледнуваат кон следниот стандард – „Ultra HD“, или резолуција од 2160 х 3840 пиксели, која веќе е стандард кај телевизорите.

Кинескиот производител „ZTE“ очигледно ќе е првата компанија која ќе претстави смартфон со слична резолуција. Според изданието „GizmoChina“, „ZTE“ ќе го претстави моделот „Star 3“, кој ќе има екран со големина од 5,5 инчи и резолуција од 2160 x 3840 пиксели. Така екранот ќе е со заситеноста од 808 точки по инч, што ќе биде рекордна на пазарот.

Во моментов производителот на дисплеи „Sharp“ веќе располага со слични дисплеи, но не планира масовно производство до 2016-та година. Имало гласини дека кинеската компанија „BOE Technology“, која е специјализирана за производство на дисплеи, ќе е задолжена со неговото производство.

sf 4k displej 23

Екранот се очекува да е „TFT“ со специјална кристална структура, која ќе придонесе за намалување на потрошувачката на енергија на батеријата. Оваа структура исто така ќе делува за поголема цврстина. Многу често „TFT“-панелите се критикување за слабото претставување при промена на аголот на гледање, во споредба со „IPS“-панелите. Можно е ова да е сериозен проблем за новиот смартфон.

Многу од пазарните набљудувачи се скептични во однос на „Ultra HD“-панелите. Според нив разликата помеѓу „Ulta HD“ и „Quad HD“, стандардот е тешко забележлив кај телевизорите, а што останува за смартфоните.

Се уште не е познато кога моделот „Star 3“ ќе се појави на пазарот, како и колкава ќе биде неговата цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП