26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛуксуз на 4 тркала: BMW ја покажа новата Series 7 (фото+видео)

Луксуз на 4 тркала: BMW ја покажа новата Series 7 (фото+видео)

ziben

Компанијата „BMW“ ја официјално покажа новата генерација на предводникот „Series 7“. Моделот доби ласерски главни светла кои за првпат се појавуваат на сериски автомобил, а исто така и систем за автоматско паркирање, при што возачот не треба да присуствува во кабината на лимузината.

ziben1

Димензиите на новиот автомобил се должина од 5098 мм, ширина од 1902 мм и висина од 1478 мм. Растојанието помеѓу двете оски се задржува како кај претходната генерација – 3070 мм, кај стандардниот седан и 3210 мм кај моделите со продолжена база.

ziben2

Верзијата со продолжена шасија е за 139 мм подолга од стандардната – 5237 мм. Тоа е за 18 мм повеќе од долгата база кај претходната генерација на моделот. Растојанието помеѓу предните тркала кај седанот пораснало за 8 мм, а кај задните за 4 мм. Распределбата на масата меѓу двете оски е 50:50.

ziben3

Во структурата на новата „Series 7“ се користат зајакнати јаглеродни влакна, благодарение на што моделот е полесен за 130 кг. Од композитни материјали се направени предниот и задниот дел, како и централниот панел на каросеријата. Вратите и покривот на седанот се од алуминиум.

ziben4

Со 15% е намален коефициентот на аеродинамичкиот отпор кај моделот. Ова е постигнато со користење на нов вид поставата на долниот дел на возилото, на нови ретровизори, а исто така и на поставените елементи во предниот дел. Освен тоа, во решетката на седанот се ставени активни елементи кои можат да го регулираат протокот на воздух во зависност од потребите на агрегатите.

ziben5

Предводникот на „BMW“ е изграден на нова модуларна платформа и ќе се нуди како со заден погон, така и со систем за погон на сите четири тркала. Машината има електромеханчки засилувач на управувачот, што ќе се нуди како опција како за верзиите со заден пренос, така и за оние со системот „xDrive“.

ziben6

Оваа технологија им овозможува на задните тркала при маневрирање во градски услови да виткаат за 3 степени во спротивна насока кај оваа на предните. При движење со високи брзини задните тркала можат да се виткаат за 2 степени во насоката на предните.

ziben7

Седанот ќе се нуди и со новиот систем „Executive Drive Pro“, кој е достапен кај сите верзии, со исклучок на „740e“. Тој работи во комбинација со воздушно потпирање, а го регулира возилото во кривина. Освен тоа, технологијата го прави потпирањето максимално удобно, така што успева да го возилото да го прилагоди на патните услови и да ја прилагодува цврстината на амортизацијата во зависност од нив. Податоците за патот се добиваат со помош на видео камера, на навигацијата, како и на системот кој го анализира стилот на управување на возило од одреден возач.

ziben10

Новата „седмица“ ја добила и последната генерација на „iDrive“, која располага со централен дисплеј и може да се управува со гестови. Со помош на одредени движења на раката пред екранот може да се регулира силата на звукот, да се одговара на телефонски повици, како и да се управуваат други функции на возилото. Освен тоа има можност за полнење на мобилни телефони без кабел.

ziben8

Друга иновација е далечинскиот управувач при паркирање. Кај него возачот може да излезе од возилото и со помош на специјално копче да ја вклучи оваа функција. По нејзиното активирање возилото само може да влезе во гаража или да се паркира на одредено место.

ziben9

Новата генерација на „BMW Series 7“ доби и нова генерација на 6-цилиндрични мотори, како и модернизиран 8-цилиндричен агрегат. Најприфатлива верзија е „730d“ со 3,0-литарски дизел, кој развива 265 КС и 620 Нм. Таа овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 5,8 секунди.

ziben12

Бензинската опција – „740i“ има турбо-мотор со 326 КС, со кој од место до 100 км/ч се стигнува за 5,5 секунди. За најмоќниот – „750i“, е употребен 4,4-литарски „V8“ со 450 КС при кој забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 4,4 секунди.

ziben11

Достапна е и хибридна верзија – „740e“, чиј агрегат се состои од 2,0-литарски мотор со 4 цилиндри, електромотор со 95 КС и комплет литиум-јонски батерии. Вкупната моќност е 326 КС, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч се остварува за 5,5 секунди. Само на електрична енергија, хибридот поминува 40 километри, а просечната потрошувачка на гориво е 2,1 l / 100 km.

Предвиден е и спортски „М“-пакет со посебно обликување на ентериерот и екстериерот, кој ќе се нуди во ексклузивни бои и со различни бандажи. За оваа верзија е предвидена аудио систем „Bowers and Wilkins“, систем за ноќно гледање, панорамски покрив со специјално осветлување во 6 бои, како и проекциски дисплеј.

Исто така моделот ќе добие климатизација со јонизација и ароматизација на воздухот во кабината, 7-инчен таблет, вграден во централниот потпирач за раце на задните седишта, преку кој се управуваат функциите на информациско-забавниот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП