28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАStandard & Poor's го намали рејтингот на Грција на „CCC“

Standard & Poor’s го намали рејтингот на Грција на „CCC“

standard-and-poor_0

Меѓународната рејтинг агенција „Standard & Poor’s“ го намали кредитниот рејтинг на Грција. Оценката за долгорочните обврски е намален од „CCC +“ до „CCC“ со негативна перспектива, соопшти агенцијата, цитирана од светските агенции.

Од „S&P“ истакнаа дека Грција го одложила претстојното исплаќање на кредитите кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за крајот на месецот, што може да значи дека „грчката влада дава приоритет на плаќањата на пензии и други социјални трошоци за сметка на планските обврски за исплата на долгот“.

Во меѓувреме највисокиот грчки суд продолжи со заплашувањата за доаѓање во банкрот на државата и да ја поништи одлуката за намалувањето на пензиите. Судот одлучи дека соодветниот закон донесен во 2012-та година е неуставен. Одлуката е спротивна на грчкиот закон и на Европската конвенција за правата на човекот, бидејќи ги лишило пензионерите од правото на достоинствен живот, одлучи судот.

Сепак пензиите не треба да се креваат во скоро време, но според економисти, јавниот буџет ќе се натовари дополнително од откажувањето на намалувањата во иднина до 1,2-1,5 милијарди евра годишно.

Под притисок на меѓународните кредитори, Владата во Атина донесе решение на неколку пати во текот на последните пет години да се намалуваат пензиите. Со одлуката од ноември 2012-та година сите основни и дополнителни пензии беа намалени со пет до десет проценти, а голем број пензионери и здруженија на пензионери поднесоа жалба во судот и сега добиваат одмазда, пренесува „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП