24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајцарската полиција ги заплени документите на ФИФА

Швајцарската полиција ги заплени документите на ФИФА

fifa-scandal555

Швајцарската полиција ги запленила од ФИФА техничките податоци како дел од истрагата која треба да утврди како Русија и Катар ги добиле Мундијалите во 2018 и 2022 година. ФИФА, во средата, ги прифати барањата на швајцарските власти, што го потврди и државниот обвинител.

„ФИФА ги предаде бараните податоци и државниот обвинител покрена кривична постапка против непознати лица“, стои во соопштението.

Претходно BBC објави дека техничките податоци биле земени од кабинетот на претседателот на ФИФА во заминување Сеп Блатер и од кабинетот на генералниот секретар Жером Влаке.

Минатиот месец швајцарските власти објавија дека истражуваат наводни неправилности околу доделувањето на Мундијалите во 2018 и 2022, а во исто време американските власти објавија дека 14 лица се вмешани во корупциски скандал во ФИФА.

Во понеделникот ФИФА соопшти дека не постои легален процес според кој на Русија и Катар би им била одземена организацијата на Мундијалите во 2018 и 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП