9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските ракометари се прошетаа низ Сент Гален

Македонските ракометари се прошетаа низ Сент Гален

Rakomet-1-624x440

Ракометната репрезентација на Македонија забележа убедлива победа над Швајцарија во претпоследното квалификациско коло, во Групата 6. Македонија во Сент Гален славеше со 26:17 (15:8) и во пресрет на решавачкиот дуел со Чешка се наоѓа на второто место во групата.

Швајцарија во ниту еден момент не беше достоен ривал за расположените македонски ракометари, кои иако беа соочени со големи кадровски проблеми од почетокот до крајот во целост го диктираа ритамот на мечот и под контрола го имаа резултатот.

Капитенот Лазаров на овој меч не играше, влегуваше само за да ги изведува ударите од седум метри и со пет гола беше најефикасен во ‘црвено жолтиот’ табор. Одличен натпревар одигра и Влатко Митков, кој го замени Лазаров на позицијата десен бек, тој постигна четири гола.

Последниот меч од квалификациите Македонија ќе го одигра в недела во Скопје против Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП