7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го процени идниот Q6 на 84.300 евра

Audi го процени идниот Q6 на 84.300 евра

q6 oo3

Компанијата „Audi“ ќе го прикаже прототипот на целосно електричниот кросовер „Q6“ за време на саемот во Франкфурт во септември, соопшти „Automotive News Europe“, повикувајќи се на информации од германските медиуми.

Се очекува моделот да се појави пред публика под ново име, а дизајнот да биде во стилот на прототипот „Prologue“ (на фотографијата). Во основата на кросоверот ќе биде платформата „MLB“, користена за новото „Audi Q7“, но таа ќе е прилагодена за електричен агрегат.

Во компанијата се надеваат дека идното „Audi Q6“ ќе може да мине со едно полнење над 500 километри, што до сега е недостижна за другите електрични модели на брендот.

Позната е и стартната цена на моделот – 83.400 евра, а во компанијата си поставиле за цел да продаваат по 10.000 примероци годишно.

Во Европа новиот електричен кросовер на „Audi“ ќе се натпреварува со идниот „Tesla Model X“, како и со хибридите со можност за полнење од електричната мрежа, кои „BMW“ и „Porsche“ ги развиваат во моментов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП