17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Близу“ ја зголемува мрежната покриеност во Македонија

„Близу“ ја зголемува мрежната покриеност во Македонија

kuc

Телекомуникацискиот оператор „Близу“ денес го отвори новиот продажен салон во центарот на Кочани. Отворањето на салонот е дел од активностите кои беа најавувани во изминатиот период, а се однесуваат на проширување на мрежната покриеност во Македонија, како и зголемување на квалитетот на мрежата во градовите каде веќе оперира.

Од денес, граѓаните на Кочани ќе можат да уживаат во популарните пакети со три услуги на „Близу“ со интернет брзини до 150 Mbps, дигитална телевизија со до 170 дигитални канали и најголем избор на HD канали и фиксна телефонија без претплата, со цени започнувајќи од 749 денари месечно.

kaa

“Денешниот ден ќе остане запаметен како почетокот на големите промени во телекомуникацискиот сектор. Првиот град во кој се прошируваме и чие отворање денес го прославуваме е Кочани, каде корисниците подеднакво ќе можат да уживаат во сите бенефити кои ги нуди „Близу“”, изјавија од менаџментот на „Близу“.

kab

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП