27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAllianz ќе ги намалува трошоците

Allianz ќе ги намалува трошоците

allianz566

„Allianz SE“ ги објави плановите за намалување на годишните трошоци за продажба. Освен тоа најголемиот европски осигурител по пазарна вредност, планира да инвестира во својата германско единица, бидејќи секторот се подготвува за свежа конкуренција од нетрадиционалните играчи како „Google Inc“.

Allianz“ планира да ги намали годишните трошоци за продажба во Германија со 40 милиони евра од почетокот на 2016-та година и бројот на филијалите до 60 од сегашните 88. Компанијата исто така ќе се ослободи од 360 вработени, главно во администрацијата, што е еквивалентно на 1% од вкупно 30-илјади персонал на гигантот во земјата.

Најголемиот европски осигурител по пазарна вредност објави уште дека планира да постигне намалување на работната сила без принудни отпуштања и започнал разговори со претставниците на работничките организации. Во Германија се користат мерки како предвремено пензионирање и работа со скратено работно време, за да се избегнат задолжителните намалувања.

Осигурениците се под притисок да го прегрупираат традиционалниот бизнис кон дигиталната ера, откако на интернет сајтовите се овозможува подобра споредба на осигурителните стапки. Освен тоа на пазарот се појавија и некои нетрадиционални играчи. „Google“ неодамна влезе во бизнисот со автомобилското осигурување во Велика Британија и САД, нудејќи „Google Compare For Auto Insurance“ – услуга за споредба на стапките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП