23 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИDoogee S6000 - батерија од 6000 mAh и бежично полнење

Doogee S6000 – батерија од 6000 mAh и бежично полнење

s6000 e3

Кинеската компанија „Doogee“ позната по паметните телефони со кои цели кон долниот сегмент на пазарот, но и по клоновите на популарните модели на другите производители.

Нивниот најнов паметен телефон „Doogee S6000“ не е исклучок и од тоа правило, па повеќето карактеристики припаѓа од долниот сегмент на пазарот, а инспирацијата за дизајнот на телефонот е добиена од уредот „Xiаomi Mi Note“.

Но „S6000“ пристигнува со две значителни карактеристики за кои вреди да се истакне. Тоа е пред се батеријата со капацитет од дури 6000 mAh која би требало да обезбеди три до четири дена активно користење на телефонот, но и технологијата на „MediaTek“ – „PumpExpress“ за брзо полнење на уредот.

Таа ќе обзебеди целосно испразнет телефон да достигне капацитет од 75% по само половина час полнење.

Куќиштето на телефонот ќе биде изработено од цинк и титаниум, а покрај вградената масивна батерија, дебелината на уредот изнесува само 9 милиметри.

Oд останатите карактеристики „S6000“ има 5,5-инчен екран со резолуција од 1280 x 720 пиксели, 64-битен „MediaTek“ процесор „MT6735 SoC“ со осум „CPU“ јадра и такт од 1,5 GHz, „Mali-T720 GPU“, 16 GB просотор за чување на податоци (со можност за проширување со „microSD“ до 128 GB), како и 1 GB RAM.

На задната страна се наоѓа 8-мегапикселна камера со „dual LED“ блиц, додека на предната страна е 5-мегапикселен „OmniVision“ сензор.

Инсталираниот оперативен систем е „Android 5.1“.

„Doogee S6000“ би требало официјално да биде претставен во текот на август, а во продажба ќе се најде по цена од 140 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП