24 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗSeat подготвува конкурент на Juke и Captur

Seat подготвува конкурент на Juke и Captur

seat cross

Компанијата „Seat“ развива нов кросовер, во чија основа ќе биде моделот „Ibiza“. Негови главни конкуренти ќе станат „Nissan Juke“ и „Renault Captur“, објави „Autocar“.

Кога ќе се појави новиот модел на светските пазари, се уште не е познато, но според шефот на „Seat“ – Јирген Стакман, тоа ќе се случи пред излегувањето на моделите кои моментално се во процес на развој, „Audi Q1“ и „Volkswagen Taigun“.

„Никој во концернот „Volkswagen“ не ни кажал дека не можеме да си развиеме свој кросовер кога ќе посакаме. Имаме подготвен прототип кој го покажавме на некои луѓе од раководството уште минатата година. Сериската верзија сепак ќе стане уште подобара“, коментира Стакман.

Шефот на „Seat“ додаде дека неговата компанија ја завршува разработката и на поголем кросовер, во чија основа е концептот „20V20“. Тој е изграден на платформата „MQB“, а премиерата ќе се одржи на автосаемот во Франкфурт во септември. Моделот ќе се нуди, како само со преден погон, така и со систем за погон на сите четири тркала.

Стакман сепак призна дека сериската верзија на сличен модел се уште нема „зелено светло“ од раководството на концернот. Според топ-менаџерот во моментов брендот „Seat“ е доволно стабилен за да си дозволи претставување на кросовер и дека тоа треба да биде искористено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП