16 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРаботите кои наскоро ќе можете да ги правите со вашиот iPhone (видео)

Работите кои наскоро ќе можете да ги правите со вашиот iPhone (видео)

nov ios 9 11

Американскиот производител на паметни телефони „Apple“ ги претстави новите функционалности на оперативниот систем „iOS 9“.

Еве некои од работите кои наскоро вашиот „iPhone“ ќе може да ги прави:

Смартфонот ќе се обидува да претпостави кој ве бара, ако излезе непознат број. Вашиот „iPhone“ ќе ги изучува вашите навики и музичките преференци. Кога ќе излезете да трчате и ги ставите слушалките, тој ќе ви ја нуди вашата омилена музика.

Асистентот „SIRI“ ќе може да прави многу нови работи. На пример да ви покажува слики од зададени локации и датуми. Ако сакате да го разгледате албумот од одморот од минатата година, едноставно употребете ја оваа команда. Асистентот ќе може да ве потсети и на многу други корисни работи врз база на локација. Пример да ве потсети да си го земете кафето од покривот на автомобилот, кога влегувате во него.

Гласовниот асистент ќе може да прави потсетници и на база на работите кои ги гледате на екранот. Пример да ве потсети да си купите овошје и зеленчук, кога одите во продавница.

nov ios 9 12

Смартфонот може да прифаќа покани кога ги добивате на вашиот „e-mail“, а има можност автоматски да ги префрла во календарот и потсетниците.

Со лизгање налево ви дава нови можности за пребарување. Таму ќе има предлози за луѓе со кои можеби би сте сакале да се поврзете, или апликации од кои може да имате потреба.

Новиот оперативен систем ќе дава можност за видеопребарувања во популарните видеосајтови. Тие ќе можат да се пласираат директно од резултатите од пребарувањето. Сериозно подобрување има и во правец на водените белешки, како во однос на начините за нивно форматирање, така и за цртање на екранот со користење на прстите.

Корисниците ќе имаат пристап и до податоци за јавниот транспорт, кои ќе доаѓаат директно со мапите.

Оперативниот систем ќе располага со режим „ниска потрошувачка на енергија“, кој ќе дава можност за продолжување на животниот век на батеријата до 3 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП