28 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Мusic стартува на 30-ти јуни со месечна претплата од 10 долари...

Apple Мusic стартува на 30-ти јуни со месечна претплата од 10 долари (видео)

app music

Долго време чекавме и тие да го направат овој чекор, но „Apple“ од вчера конечно и официјално влезе на растечкиот „streaming“ пазар. Нивниот сервис „Apple Music“ е директен конкурент на „Spotify“, „Tidal“, „Deezer“ и останатите слични услуги.

„Apple Music“ ќе биде достапен во форма на апликација, а ќе се нуди за „streaming“ музика, слушање радио, купување албуми, како и друштвена интеракција на корисниците со музичарите.

Во дел од сервисот ќе биде достапна и радио станицата на „Apple“ – „Beats 1“ на чие чело ќе биде „Zane Lowe“, познат поранешен „DJ“ на британското „BBC Radiо 1“ кој во почетокот на годината премина во „Apple“.

Apple Music“ функционира и преку „Siri“. Доволно е само да се изговори името на песната или албумот кој сакате да го слушате.

„„Apple“ на пазарот на музичкиот „streaming“ пристигнува релативно доцна, а причината е некогашната скепса на Џобс кон оваа услуга. Сепак, верувам дека ќе биде достојна конкуренција и дека ќе си најде свое место на пазарот“, вели аналитичарот Џејмс Меккуивеј.

„Apple Music“ ќе стартува на 30-ти јуни, а ќе биде достапна во повеќе од 100 земји. По три месеци бесплатно користење, услугата ќе се наплатува по 10 долари месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП