27 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOфициjaлно е претставен Galaxy S6 Active (фото+видео)

Oфициjaлно е претставен Galaxy S6 Active (фото+видео)

akcija 22

За оние кои бараат поиздржлива верзија на премиум моделот на „Samsung“ – „Galaxy S6“, беше претставен моделот „Galaxy S6 Active“.

Смартфонот се одликува и со далеку помоќна батерија од 3.500 mAh во однос на батеријата со капацитет од 2.550 mAh кај стандардниот модел.

Во однос на останатите технички карактеристики, новиот паметен телефон се одликува со 5.1-инчен „Super AMOLED“ дисплеј со резолуција од 1440 х 2560 пиксели и осумјадрен 64-битен процесор „Exynos 7420“.

akcija 23

Задната камерата на моделот е 16-мегапикселна, додека предната има резолуција од 5 мегапиксели.

Во однос на издржливоста, смартфонот би требало да издржува пад од висина од 1 метар и дваесет сантиметри, како и до 30 минути на длабочина до метар и половина. Тој е отпорен на вода и прашина.

Се уште нема детали во однос на цената или кога овој смартфон ќе се појави на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП