3 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПерсонални проблеми за Обрван пред Швајцарија и Чешка

Персонални проблеми за Обрван пред Швајцарија и Чешка

ivica obvrvan 22

Уште на првиот собир селекторот на националниот тим, Ивица Обрван, се соочи со персонални проблеми, Ренато Вугринец нема да биде во тимот поради семејни причини, Наумче Мојсовски има проблеми со клубот, додека капитенот Кирил Лазаров се уште ја нема залечено повредата на листот, со која се здоби во финалето на Лигата на шампионите.

„Како и секогаш, на крајот од сезоната главен е оној список од 28 играчи поради разно разните ситуации кои се случуваат, ние имаме проблени со оној скратен список од 19 ракометари кој го објавивме. Двајцата наши репрезентативци кои играат во Катар, Вугринец откажа од приватни причини, а Мојсовски се уште не тргнал бидејќи има одредени проблеми со клубот, генералниот секретар на РФМ е во контакт со федерацијата на Катар. Сигурно е дека Мојсовски нема да биде на тренингот в понеделник, а дали воопшто ќе биде во составот за Швајцарија не знам. Го повикавме Лазо Мајнов бидејќи Кире Лазаров има проблеми со повредата на листот на ногата и не знаеме колку ќе може да помогне, но и Мајнов е повреден има проблеми со Ахиловата тетива, го побаравме и Кузмановски но и тој откажа“, изјави селекторот Обрван.

Инаку во последните два меча Македонија сама ја решава судбината околу пласманот на континеталниот шампионат во 2016 година. Со две победи македонските ракометари ќе бидат сигурни учесници на ЕП.

„Со две победи сме сигурни, иако постојат и други калулации доколку в среда Франција слави над Чешка, меѓутоа ние и на двете средби ќе одиме на победа. Имам целосна доверба во играчите кои ќе ги имам во тимот за првиот меч (со Швајцарија). Доколку биде ризично да ја влошиме повредата на Кире, а неговиот настап не биде неопходен тогаш нема да ризикуваме, тој ќе ни биде потребен за мечот со Чешка. Како ќе се поставиме против Швајцарија и како ќе играме ќе мора да попричекаме до пред мечот или до неговиот почеток“, рече Обрван.

Македонските ракометари во вторник ќе отпатуваат за Швајцарија, каде на 10 јуни во Сент Гален ќе играат против домаќинот, додека последниот меч во квалификациите ќе го одиграат на 14 јуни против Чешка во Скопје.

На табелата во Групата 6 води Франција со максимални осум бода, Чешка има пет, два повеќе од Македонија, додека Швајцарија е последна без освоен бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП