Откако кинескиот производител на паметни телефони „Xiaomi“ го пушти во продажба моделот „Redmi 2“ по цена од 110 долари, од компанијата го претставија најевтиниот член од семејството – „Redmi 2A“, кој веќе се продава во Кина за 80 долари (140 евра).
„Xiaomi“ успеа да достигне цена од 100 долари за паметен телефон, благодарение на преминување кон поевтините чипови „Leadcore L 1860C“. Чипот е „quad“ со фреквенција од 1.5 GHz.
Новиот евтин смартфон е со 4.7-инчен екран со резолуција 720 пиксели, 1 GB RAM меморија, 8 GB внатрешна меморија. Тој располага со картичка за проширување на меморијата, 8-мегапикселна задна и 2 мегапикселна предна камера, можност за работа во 4 G мрежи и батерија со капацитет од 2.200 mAh.
„Xiaomi Redmi 2A“ ќе се нуди во пет бои – бела, розова, жолта, сива и зелена. Во оваа фаза се уште не е јасно дали уредот ќе се предложи и на други пазари.