19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDelivery Hero веќе има пазарна оценка од над 3 милијарди долари

Delivery Hero веќе има пазарна оценка од над 3 милијарди долари

deliveryhero111

Компанијата за снабдување со храна „Delivery Hero“ се претвора во еден од најпознатите растечките „стартапи“ во Европа.

По последниот циклус за подигање на капитал, приватната компанија се проценува веќе на 3,1 милијарди долари. Два американски инвестициски фонд имаат инвестирано 110 милиони долари во компанијата со седиште во Берлин која се развива далеку подобро од нејзините конкуренти „Just Eat“ во релативно силно заситениот прехранбен сектор на Стариот континент.

Зголемувањето на капиталот на компанијата станува реалност пред потенцијално ИПО. Средствата ќе бидат искористени за „добро обмислени превземања и пазарни иновации“, коментираат од компанијата која оперира на пазарот во 34 земји.

Од „Delivery Hero“ не ги прецизираа имињата на фондовите, од кои се направени инвестициите, како дел од имињата на претходните инвеститори ги вклучуваат „Insight Venture Partners“, „General Atlantic“ и „Rocket Internet“, заедно со некои менаџери на големи американски јавни претпријатија.

Во изминатиот месец од компанијата имаат инвестирано 589 милиони долари за стекнување на турскаиот синџир за снабдување на храна „Yemeksepeti“, а порано во текот на годината информираа дека влегле на пазарите во Блискиот Исток со стекнување на регионалниот „играч“ на овие пазари „Talabat.com“.

Британскиот конкурент „Just Eat“ во мај ја купи австралиската компанија „Menulog“ за сума од 680.6 милиони долари.

„Delivery Hero“ располага со мрежа од над 200.000 ресторани и испорачува над 10 милиони нарачки секој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП