14 мај, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНестандардни работи за кои можете да користите Android смартфон

Нестандардни работи за кои можете да користите Android смартфон

oo sp

Смартфоните се исклучително моќни уреди кои можат да вршат многу повеќе работи од тоа само да зборувате и да испраќате текстуални пораки.

Еве некои помалку познати работи кои можат да ги прават паметните телефони со „Android“:

Мобилни плаќања.

oo sp1

Се уште малку луѓе знаат дека можат да плаќаат со својот мобилен телефон. Се очекува оваа услуга во голема мера да биде популаризирана од апликацијата за плаќање „Apple Pay“, таа е достапна на „Android“ паметните телефони веќе неколку години. Според најавите таа ќе стане се повеќе распространета и со поголеми бенефиции со апликацијата „Google Wallet“, застапена во најновата верзија на „Android“, која ќе се појави во третиот квартал од годината. Таа ќе се применува во над 700.000 продавници кои нудат безконтактно плаќање. Како работи? Откако се инсталира апликацијата од „Google Play Store“, во неа се додава кредитна картичка и се плаќа секаде каде има ги наведените терминали.

Трансформација во безжичен рутер.

oo sp2

Луѓето масовно ги искористат бесплатните „WiFi“-мрежи. Главниот проблем кај нив сепак е поврзан со безбедноста. Овој проблем може да се надмине за луѓето со лаптопи кои можат да уживаат на интернет, емитуван од нивниот личен смартфон, претворен во „WiFI“-рутер. Тоа е процес познат како „tethering“. Најчесто оваа опција е во менито „Settings“, во подменито „Tethering & Hotspot“ на речиси сите „Android“ телефоните. Избегнувајте да го користите, ако сте на ограничен пренос на податоци.

Брзо полнење.

oo sp3

Новите модели како „Samsung Galaxy S5“, „Galaxy S6“, „Note 4 LG G4“, „HTC One M9“ и други, располагаат со опција за брзо полнење „Qualcomm Quick Charge 2.0“. Таа овозможува полнење на батеријата за до осум часа употреба во рамките на 30 минути. Оние кои немаат ваква опција, може да имаат корист од друг трик. Вклучување во режимот „Airplane“, кој практично го блокира пристапот на смартфонот до се и секого и овозможува негово многу брзо полнење.

Во автомобилите.

oo sp4

Употребата на смартфоните за контрола на други уреди станува се популарно. Така на пример во новиот „LG G4“ има апликација за контрола на клима уредите од марките „Samsung“ и „LG“. Се повеќе појавуваат апликациите за контрола на автомобилите. Постојат апликации кои овозможуваат да се отклучуваат и заклучуваат автомобилите од голема далечина и дури да се стартуваат моторите.

Како далечински управувач.

oo sp5

Многу од „Android“ паметните телефони располагаат со инфраред порт кој ги прави погодни далечински управувач. Има апликации како „Peel remote“ на „Samsung“ или „Qremote“ на „LG“.

Проверка на пулсот, срцев ритам, потрошени калории и друго.

oo sp6

Со специјални апликации, сопствениците на „Android“ уредите можат да прават базна проверка на здравствената состојба – срцевиот ритам, пулс, стрес и друго. Постојат апликации кои го мерат бројот на направените чекори, калории и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП