25 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLine пушта апликација за конференциски повици со 200 лица

Line пушта апликација за конференциски повици со 200 лица

line 30

Јапонската компанија „Line Corp“ ја создаде „Pipcorn Buzz“ – нова мобилна апликација за „Android“, овозможувајќи им на корисниците да се вклучат во конференциски повици за 200 лица.

Другите апликации, како „Skype“, „Google Hangouts“ и „KakaoTalk“, исто така нудат бесплатни разговори со видео, но го ограничуваат бројот на учесниците во нив.

„Line“ која е креатор на истоимената популарна мобилна апликација, го претстави својот нов производ како замена на платени услуги за конференциски повици, користени од бизнис средината.

Во моментов апликацијата е достапна во целиот свет и одржува 18 јазици, а планирана е верзија за „iPhone“.

Компанијата „Line“ е со седиште во Токио и е во сопственост на јужнокорејската „Naver Corp“. Фирмата нуди бесплатно испраќање на пораки и повици преку нејзината примена, а генерира приходи од продажба на налепници, игри и други услуги.

Иако заостанува во однос на конкуренти како „WhatsApp“ и „WeChat“, таа се претставува добро во Јапонија и е популарна во другите азиски земји. Line има 205 милиони активни корисници месечно, а 123 милиони од нив се од Јапонија, Тајван, Тајланд и Индонезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП