„Toyota“ и „Mazda“ неодамна потпишаа договор за долгогодишно партнерство, а во меѓувреме се појавија некои нови детали.
Последните вести велат дека „Toyota“ развива кросовер врз основа на моделот „Prius“, a кој ќе го добие моторот на „Mazdа“ – 1,5 литарски „SKYACTIV-D“ дизел.
Како што сега стојат работите, новиот кросовер на „Toyotа“ би требало да има автономија поголема од 800 km.
Гласините велат дека овие две јапонски компании работат и на електрично возило кое приближно ќе биде со големина на „BMW i3“. Други детали за овој автомобил засега нема, само дека е дизајниран по вкусот на американските и јапонските купувачи.