21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank води истрага дали руските клиенти переле пари

Deutsche Bank води истрага дали руските клиенти переле пари

deutsche-bank

„Deutsche Bank“ спроведува внатрешна истрага за потенцијално перење пари од страна на руските клиенти, што би можело да станува збор за трансакции вредни околу шест милијарди долари во изминатите четири години, јавува агенцијата Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со стуацијата.

Централната банка на Русија во октомври минатата година и се обрати на „Deutsche Bank“ со барање да ги истражи берзанските активности на одделни руски клиенти, изјави еден од неименуваните извори.

Како што наведува Блумберг, германската банка анализирала податоци од 2011 до почетокот на 2015 година, по што за резултатите од истрагата ја известила Управата за контрола и надзор на финансискиот сектор (FCA), Европската централна банка и германскиот регулатор Бафин, вели изворот.

„Посветени сме му на учеството во меѓународните напори за детектирање и борба против сомнителните активности и преземавме моќни акции таму каде што воочивме недолично однесување“, се наведува во соопштението на „Deutsche Bank“.

По објавувањето на ова соопштение, акциите на „Deutsche Bank“ на Франкфуртската берза се намалија за 1,3 проценти, на 27,54 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП