27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтересни факти за финалните мечеви во ЛШ

Интересни факти за финалните мечеви во ЛШ

Image (41)

Шампионите на Шпанија и Италија, Барселона и Јувентус денес ќе го одиграат 60-то финале во Купот на европските шампиони или Лигата на шампиони. Во пресрет на финалниот меч еве неколку занимливости поврзани со финалните мечеви.

Првото финале е одиграно во 1956 година, а градот Берлин прв пат ќе биде домаќин на завршниот двобој за европската фудбалска круна.

Во досегашната историја финалните мечеви седум пати се играле на германска почва: четири пати домаќин бил Минхен (1979, 1993, 1997, 2012), два пати домаќин бил Штутгарт (1959, 1988) и еднаш финалето се играло во Гелзенкирхен (2004).

Јувентус во Германија има загубено едно финале, во 1997 година во Минхен од Борусија (1:3). Јувентус во финалињата има пет порази (1973, 1983, 1997, 1998, 2003), а два пати триумфирал, во Брисел против Ливерпул (1985) и во Рим против Ајакс (1996).

Италијанските тимови имаат вкупно 12 триумфи во финалните мечеви (Милан 7, Интер 3 и Јувентус 2), а шпанските екипи освоиле 14 трофеи (Реал Мадрид 10, Барселона 4).

Барселона осми пат ќе игра во мечот за титулата, а трет пат за противник во завршниот меч ќе има италијански тим: во 1992 година Славеа над Сампдорија во Лондон (1:0), а 1994 во Атина загуби од Милан (0:4). Барселона во последните три финалиња ја освојувала титулата, а против себе имала англиски екипи во 2006 Арсенал и во 2009 и 2011 Манчестер Јунајтед.

Двата тима оваа сезона ја ловат тројната круна, откако веќе освоија по две титули во националните првенства. Доколку победи Барса ќе стане првата екипа која два пати во историјата ја освојувала тројната круна, претхоно Каталонците тоа го сторија во 2009. Покрај Барселона уште шест екипи ја освојувале популарната ‘трилета’: Селтик (1967), Ајакс (1972), ПСВ Ајндховен (1988), Манчестер Јунајтед (1999), Интер (2010) и Баерн Минхен (2013).

Доколку Лионел Меси во Берлин постигне гол ќе стане првиот фудбалер кој во три финалиња бил стрелец.

Во составот на Барселона има осуммина играчи кои славеа во финалето над Манчестер Јунајтед во 2011 година (Меси, Чави, Иниеста, Бускетс, Дани Алвес, Педро, Пике, Маскерано). Кај Јувентус само Џиџи Буфон бил актер на последното финале на овој клуб кога во 2003 година загуби од Милан на пенали.

Барселона и Јувентус имаат играно едно европско финале, во 1971 година Јувентус славел со 4:2 во тогашниот Куп на саемски градови.

Можност да се рабуваат на европска титула имале и двајца Македонци, Илија Најдовски и Дарко Панчев како играчи на Црвена ѕвезда во 1991 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП