10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba открива сосема нов бизнис

Alibaba открива сосема нов бизнис

alibaba nova

Повеќе никој не се сеќава на тоа како изгледаше пред 30 години кога Кина бараше пари од најголемите светски банки за санација на долгот поради „токсични“ кредити.

Денеска основачот на групацијата „Alibaba“, Џек Ма“ најавува цел нов бизнис – продажба на ненаплатливи долгови преку интернет.

„Alibaba“ договори соработка со најголемата кинеска компанија за реструктуирање на кредити „China Cinda Asset Management“.

Партнерството беше објавено минатата недела, а целта е да се продадат повеќе од 645 милиони долари ненаплатливи долгови преку интернет продавницата на „Alibabа“ – „Taobao“.

„Alibaba“ само се обидува да заработи врз основа на силниот тренд во Кина. Компаниите бараат реструктуирање на долговите, па „China Cinda Asset Management“ минатата година имала 32 проценти раст на профитот, најголем во својата историја.

Во Кина износот на ненаплатливи кредити расте како никогаш претходно, а во првиот квартал оваа сума се зголеми за 22.5 милијарди долари и изнесува 158.3 милијарди долари.

Големите финансиски компании се натпреваруваат која прва ќе влезе на овој профитабилен пазар, банките „UBS“ и „Standard Chartered“ купија удел во компанијата „Cindа“ пред нејзиното излегување на берзата во 2013-та, со цел полесно да добијат пристап. Пазарната вредност на „Cindа“ сега изнесува 23 милијарди долари.

„Cinda“ преку „Taobao“ веќе продаде два ненаплатливи кредити со вкупна вредност од 3.5 милиони долари, објави кинескиот банкарски регулатор, а на аукција се уште четири со вкупна вредност од 5 милиони долари.

На банките им се брза да ги распродадат ненаплатливите кредити, па понудата на пазарот е многу поголема од побарувачката. Oд 2001-ва дo 2007-ма можеше да се добијат 30 до 40 проценти за нив, а сега цената падна и до 10 посто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП