24 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy Note 5 пристигнува во септември

Galaxy Note 5 пристигнува во септември

note 5 model 3

Познато е дека „Galaxy Note 5“ ќе биде претставен на крајот на летото, а традиционално „Samsung“ се определи за „IFA“ саемот и на него веќе неколку години го презентира својот „high-end“ фаблет.

Се претпоставува, дека компанијата ќе ја задржи ваквата традиција и оваа година. За време на конференцискиот состанок со инвеститорите, извршниот претседател на „Samsung“, Ин Јонг Ри откри кога „Galaxy Note 5“ ќе биде претставен, а тоа е септември.

Тоа секако не е изненадување, како што кажавме, сите досегашни уреди „Note“ беа презентирани пред пошироката јавност, токму во овој месец.

Ри всушност се појави на говорницата и зборуваше за „Samsung Pay“, системот за мобилно плаќање кој е одложен од јули за септември. Тогаш порача дека „Samsung Pay“ ќе биде прво распореден на нивниот следен „high-end“ уред и така го откри датумот на претставување на системот за мобилно плаќање и фаблетот „Galaxy Note 5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП