18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook пушти „лесна“ мобилна верзија (видео)

Facebook пушти „лесна“ мобилна верзија (видео)

facebook-lite

Најголемата социјална мрежа во светот – „Facebook“, располага со 1,4 милијарди активни корисници, но од таму веќе се подготвуваат за следната милијарда.

Вчера социјалната мрежа најави пуштањето на „лесна“ мобилната верзија „Facebook Lite“ наменета за оперативниот систем „Android“. Верзијата користи многу помалку податоци од оригиналната, а претставувањето и е насочено кон привлекување на нови корисници.

Апликацијата во моментов е достапна во Азија, а во следните неколку недели ќе стане достапна и во Јужна Америка, Африка и Европа. Новата апликација се очекува да понуди интерес во земјите во развој, каде што обично корисниците имаат повеќе ограничен сообраќај на податоци во своите мобилни понуди или уживаат побавен интернет.

„ Го направивме „Facebook Lite“, за да е побрз, посигурен и поефикасен во однос на користените податоци за земји со минимален пристап до широкопојасен интернет. Ќе продолжиме да работиме за да ги задоволиме потребите на сите луѓе во светот и во сите земји и ќе продолжиме да претставуваме средства за поврзување на луѓето насекаде“, коментира извршниот директор на „Facebook“, Марк Цукемберг на својата страница.

Новата апликација е околу 1% од износот на оригиналната апликација. Тоа вклучува црти како „News Feed“, надградба на статуси, слики и пораки. Сепак не поддржува видео записи.

Експертите не се изненадени од напорите на компанијата насочени кон Азија. До 2019-та година се очекува 90% од корисниците да уживаат во платформата во нивните смартфони. До 2016-та година Индија ќе го надмине САД како најголемо население во социјалната мрежа, според податоци на „eMarketer“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП