1 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот BMW X1 ќе го добие пакетот M Sport (фото)

Новиот BMW X1 ќе го добие пакетот M Sport (фото)

msport x1

Најмалиот кросовер во спектарот на „BMW“ ќе се нуди и со опционалниот пакет „M Sport“. Спортската опрема е наменета за втората генерација на моделот, кој беше прикажан пред неколку дена.

msport x1 1

Пакетот е исполнет во стилот на врвниот „X5 M“, а нуди сеопфатен аеродинамичен бодикит, вклучувајќи различни браници, решетка на радијаторот, прагови, како и едноставни спојлери. Тркалата се со големина од 18 или 19 инчи, а суспензијата „M Ѕport“ е редуцирана со 10 мм.

Кабината на „BMW X1 M Sport“ е изработена во склад со претставување на спортски седишта со дополнителни можности за прилагодување, таван обоен во црно и кожен волан со логото на „BMW M GmbH“, со што се означени и рачката за брзини и страничните прагови.

msport x1 2

Пакетот исто така вклучува систем за климатизација со две зони, тапацир со контрастни шевови, асистент при паркирање и автопилот со функција за автоматско сопирање.

Доработка на палетата на мотори не се нуди. Цената на пакетот во Германија варира помеѓу 4100 и 5200 евра во зависност од избраниот мотор и модификација.

msport x1 3

Првите испораки на клиенти ќе бидат реализирани во текот на месец октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП