8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПредводникот на Volvo ќе дебитира во јануари 2016-та година

Предводникот на Volvo ќе дебитира во јануари 2016-та година

s100

Новиот предводник на „Volvo“ – седанот „S90“, ќе се појави пред публиката во почетокот на следната година. Тоа ќе се случи на авто-саемот во Детроит во јануари, тврди „Automotive News“, повикувајќи се на извори од шведскиот производител.

Се очекува големата „ПР“-кампања на моделот да започне уште во текот на летото, а од „Volvo“ постепено ќе претставуваат слики и технички информации за идниот модел. На сличен начин скандинавците пристапија и кон новиот „XC90“ кој веќе се продава на сите пазари.

Идниот „Volvo S90“ ќе претставува наследник на „S80“, но ќе биде базиран на новата платформа „SPA“, врз која е изграден и кросоверот „XC90“. На пазарот седанот ќе треба да се натпреварува со модели како „BMW Series 5“, „Audi A6“, „Mercedes E-Class“ и „Jaguar XF“.

Од „XC90“ новиот модел ќе ја позајмува не само архитектурата, туку и моторот и менувачот. Тоа значи дека идниот предводник на „Volvo“ ќе биде опремен со 2,0-литарски турбо мотор од семејството „Drive-E“, вклучувајќи го и хибридниот агрегат „T8 Twin Engine“.

По седанот „Volvo S90“ на пазарот ќе излезе и караванот „V90“, а не е исклучено да се појави и купе верзија. Швеѓаните сепак нема да се ограничат тука и веќе работат на нов топ модел – „S100“, кој ќе се натпреварува со „BMW Series 7“, „Audi A8“, „Mercedes S-Class“ и „Jaguar XJ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП