8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФановите се борат за спас на Ланчија

Фановите се борат за спас на Ланчија

lancia-slika-1

Кога еден од познати брендови ќе направите нешто сосема различно, не може да не се очекува реакција од фанатични фанови.

Тоа е токму она што му се случи на извршениот директор на Групацијата Фиат, Серџо Mаркионе, кого љубителите на Ланчија го обвинија дека од италијанскиот бренд направил копија на Крајслер.

За појасно да му ги покажат своите ставови тие направија и група на „Facebook“- „Si a Lancia, No a Marchionne“, која според основачите на групата е направена за сите оние кои сакаат да ја спасат Ланчија од плановите на Маркионе.

Причината за формирање на групата, како што наведуваат симпатизерите е фактот дека Ланчија на својата официјална страна ги брише сите публикации во кои се критикуваат одлуките на врвот на компанијата во врска со брендот.

lancia-slika-4

На удар се најдоа и новите модели. Ланчија Флавија е наречена „када“, додека некои од новите модели со ознаката на Крајслер се споредувани со бебешка количка, буриња и други работи.

Во суштина, повеќето од сликите и пораките содржат директна порака наменета за Маркионе, а целта е јасна да го остави на мира еден од најпопуларните италијански брендови.

Ланчија е во сопственост на Фиат уште од 1969-та година, а се смета дека во последните неколку години откако италијанската групација ја превзема компанијата Крајслер, оваа автомобилска марка го загубила својот оргинален идентитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП