19 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Z3 e идниот Tizen смартфон и пристигнува во втората половина од...

Samsung Z3 e идниот Tizen смартфон и пристигнува во втората половина од годината

tizence 30303

Според неименувани извори од „Samsung“, кои ги пренесува интернет страната „Tizen Experts“, се чини дека овој производител на смартфони ќе ја прескокне ознаката „Z2“ за својот следен паметен телефон на оперативниот систем „Tizen“.

Па поради тоа новиот „Tizen“ уред би требало да се нарекува „Samsung Z3“, a на пазарот се очекува да пристигне во втората половина од годината, најверојатно во текот на ова лето.

Што се однесува до карактеристиките, „Samsung Z3“ ќе има 5-инчен екран засега со непозната резолуција, процесорот е на „Qualcomm“ со 64-бити „Snapdragon 410 SoC“ и четири „CPU“ јадра со такт од 1,2 GHz, како и 8 GB простор за чување на податоци со можност за проширување со „microSD“ картичка до 64 GB.

Задната камера е 5-мегапикселна, предната е 2-мегапикселна, а батеријата има капацитет од 2000 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП