6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВинаријата „Стоби“ со четири златни медали на најстариот вински натпревар во светот

Винаријата „Стоби“ со четири златни медали на најстариот вински натпревар во светот

stobi

Четири сортни вина на македонската винарија „Стоби“ добија златни медали на најстариот вински натпревар во светот „Вино Љубљана“ кој се одржа на крајот на мај во главниот град на Словенија. Овој престижен настан е рангиран меѓу 10-те најелитни вински случувања, а годинава беа оценувани 358 вина од 21 држави меѓу кои и Јапонија, Уругвај, Нов Зеланд, Аргентина како и од Македонија. 

Одлуката за тоа кои ќе бидат наградени ја донесоа 40 критичари од 11 земји, а на „Стоби“ му припаднаа четири први места за „Кабарне совињон 2012“, „Сирах 2011“, „Вранец веритас 2012“ и „Аминта 2013“. Македонската винарија и минатата година беше дел од „Вино Љубљана“ кога „Шардоне барик 2013“ беше прогласен за севкупен шампион во категоријата бели суви вина.

„Стоби“ неодамна учествуваше и на Балканскиот вински натпревар каде што освои сребрен медал за „Грашевина 2014“ и три бронзи за „Вранец Веритас 2011“, „Петит Вердот 2011“ и „Роксана 2012“. Винаријата од самото основање учествува на натпревари низ целиот свет и досега има освоено медали на повеќе престижни вински настани во Германија, Франција, Велика Британија, Словенија, Чешка, Хрватска, Словенија итн.

Не стивнуваат и позитивните критики за македонските вина кои доаѓаат од Америка каде што „Стоби“ извесен период е присутен на пазарот. Престижниот весник „Волстрит журнал“ пред околу еден месец ја рангираше македонската „Жилавка“ меѓу топ пет пролетни вина во светот додека реномираниот „Вашингтон пост“ го препорача „Вранец 2012“.

sto

Винаријата „Стоби“ е основана во 2008 година и годишно произведува околу 4,5 милиони литри висококвалитетно македонско вино распределено во четири категории – премиум, елит, класик и традиционални. Најголемиот дел од виното се пласира на странските пазари меѓу кои и во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП