25 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen ќе прави хибриди со кинеската SAIC

Volkswagen ќе прави хибриди со кинеската SAIC

lavida 2003

Германскиот производител „Volkswagen“ и кинеската компанија „Shanghai Automotive Industry Corporation“ (SAIC) започнаа нова соработка за производство на еколошки автомобили.

Според условите од договорот, двете компании ќе бидат партнери при конструирањето на електрични автомобили и хибриди со можност за полнење од електрична мрежа.

Автомобилите ќе се произведуваат и продаваат во Кина, а целта на заедничкото вложување на „Shanghai-Volkswagen“ ќе биде дополнително проширена, така што производните линии на фабриката ќе бидат модернизирани за производство на вакви машини.

Информацијата е ограничена, но од „Volkswagen“ прецизираат дека во следните 4 години двете компании ќе понудат 15 нови електрични автомобили на пазарот во Кина. Еден од нив ќе претставува верзијата на најпродаваниот модел во моментов на овој пазар, „Volkswagen Lavida“.

Договорот исто така предвидува создавање на заеднички автомобил од сегментот „C“, кој треба да се појави на најголемиот пазар во светот уште во 2016-та година.

Заедничкото вложување меѓу „Volkswagen Group“ и „SAIC“ е основано во 1984-та година, така што започна производство на модели на „Volkswagen“ и „Skoda“ за кинескиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП