Компанијата „Ericsson“ спроведува тестирања на 5G мрежата во Шведска и САД, иако се очекува дека новата генерација која ќе го забрза пренос на податоци, ќе биде достапна околу 2020-та година.
Новиот „5G“ концепт на „Ericsson“ на изглед делува едноставно, мобилните уреди кои поседуваат „5G“ технологија е поврзување во исто време со неколку „5G“ келии, односно остварува конекција на повеќе точки со што обезбедува прилагодливост, која гарантира дека уредот одржува висококвалитетна врска со „5G“ мрежа, додека се движи меѓу келиите, објави компанија.
Исто така, „5G“ овозможува пренесува група различни сигнали (Multiple Input Multiple Output – MIMO) по пат на истиот радио канал од мобилниот уред и овој пренос се нарекува дистрибутивен „MIMO“ и тој ќе овозможи брзина на „downlink“ за 100 oтсто повеќе.
„Со цел да биде подготвен за комерцијална употреба во 2020-та година, „5G“ развојот мора да премине од лабораторија на тестирање на постоечките мрежи. Конекцијата на повеќе точки и дистрибутивен „MIMO“, кој го подржува „5G“ интерфејсот на „Ericsson“, токму покажува дека „5G“ полека преминува на тестирања и имплементација во постоечките мрежи“, вели менаџерот на компанијата Хакан Андерсон.
Исто така, „Ericsson“ активно работи и на пилот-проект, кој ќе користи „5G“ технологија за комуникација и далечинско управување на различни операции.
Во соработка со неколку шведски компании, проектот е замислен да ја подобри продуктивноста и безбедноста во шведските рудници.
Овој проект е заедничка соработка на „Ericsson“ и компаниите „ABB“, „Boliden“, „SICS Swedish ICT“ и „Volvo Construction Equipment“.