7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтопирано е производството на VW Touareg и Porsche Cayenne

Стопирано е производството на VW Touareg и Porsche Cayenne

s proiz

„Volkswagen“ одлучи да престане со производството и продажбата на двете топ верзиите на теренци, „Volkswagen Touareg“ и „Porsche Cayenne“. Причината е дека тие не одговараат на новите екостандарти.

Во историјата одат дизел модификациите опремени со турбо „V8“ мотор, кои се прилагодени на стандардот „Euro-5“. Од германскиот производител сметаат дека преработката на моторите и прилагодувањето кон „Euro-6“, не е економски оправдана.

Па така, „Porsche Cayenne“ останува без верзијата „S Diesel“ (на првата слика), која е опремена со турбо „V8“ мотор кој развива 385 КС и 850 Нм. На овој начин единствениот дизел на „Cayenne“ на пазарот ќе биде со „V6“ мотор со 262 КС.

Од палетата на „Volkswagen Touareg“ отпаѓа модификација со 4,2-литарски турбо „V8“ со моќност од 335 КС и 800 Нм (на втората слика). Престанува и производството и на хибридната верзија со „V8“ мотор и електромотор, која има 380 КС. Кај неа нивото на штетни гасови „СО2“ е 193 g/km, што исто така не одговара на новиот стандард „Euro-6“.

s proiz1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП