20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSoundHound пушта апликација со која ќе се натпреварува со Apple, Google и...

SoundHound пушта апликација со која ќе се натпреварува со Apple, Google и Microsoft (видео)

hound 22

Откако поминаа неколку години во развивање на технологијата за препознавање на глас и пребарување, „SoundHound“ претстави нова апликација точно кога најголемите технолошки компании почнаа војна во сферата на дигиталните помошници и вештачката интелигенција, пишува „New York Daily News“.

„SoundHound“ е апликација слична на „Shazam“ што препознава песни по мелодијата и го испишува името и изведувачот. Апликацијата што компанијата ја објави, се нарекува „Hound“ и влегува во директна конкуренција со „Siri“ на „Apple“, „Now“ на „Google“ и „Cortana“ на „Microsoft“.

„Hound“ го крева гласовното пребарување на повисоко ниво, благодарение на тоа дека брзо обработува комплексни прашања, наведува основачот и извршен директор на „SoundHound“, Кејван Мохајер.

„Тајната состојка“ според него се крие во тоа што „Hound“ се справи истовремено со гласовното препознавање и обработката на природниот јазик, а не го претвора говорот во текст и потоа да го користи овој текст, за да го исполни даденото пребарување. Мохајер тврди дека множеството чекори можат да потраат повеќе време и да се зголеми процентот на грешките.

Апликацијата може да обработи моментално дури екстремно долги пребарувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП