12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАмерикански FBI истражува како Русија и Катар ги добиле СП

Американски FBI истражува како Русија и Катар ги добиле СП

Image (26)

Американското Федерално биро за истраги FBI коишто ги истражува сомнителните коруптивни активности во Светската фудбалска федерација ФИФА, се занимава и со доделувањето на организациите на завршниците на Светските првенства кои треба да се одржат во Русија во 2018-та и во Катар во 2022 година, објави во средата навечер Reuters повикувајќи се на изјава на FBI кој барал да остане анонимен.

Во меѓувреме руските агенции се обратија до американско FBI од каде што им било одговорено дека нема да даваат никакви официјални коментари во врска со доделувањето од страна на ФИФА на домаќинствата за мундијалите на Русија и на Катар.

„FBI не потврдува, не одрекува или на кој и да е друг начин не ги коментира тековните истраги“, изјавил за руската агенција ТАСС портпарол на Бирото.

Главната американска државна обвинителка Лорета Линч изјави по минатонеделните апсења дека истрагата којашто ја водат FBI и американските даночни власти со тоа уште не е завршена, а нејзините зборови во средата добија потврда, коментира Reuters. Освен американските иследници, со начинот на кој Русија и Катар ги добиле организациите на Светските фудбалски првенства во 2018 и 2022 година, се занимава и швајцарското обвинителство, пишува агенцијата.

Лорета Линч најави дека американското судство нема да се занимава со споменатите светски првенства, но и дека тесно ќе соработува со швајцарските колеги кои ја водат истрагата. Иако швајцарските иследници изјавија дека не се занимаваат со сега веќе поранешниот претседател на ФИФА, Швајцарецот Сеп Блатер, неговото име се споменува во истрагата која ја води американската страна.

FBI уште од 2011 година се занимава со истрагата во случајот на доделување на организацијата на мундијалот на Катар, а според наводите на Reuters постојат документи од кои наводно јасно може да се види дека поранешниот службеник на катарската делегација кој го водел процесот на кандидирање дал исказ во кој споменал исплати од по 1,5 милиони американски долари на тројца африкански функционери на ФИФА. Подоцна тоа лице го повлекло исказот, но наводно им признало на иследниците од FBI дека било присилено тоа да го стори.

ФИФА за споменатите случаи му ја довери истрагата на поранешниот американски обвинител Мајкл Гарсија, но неговиот опширен извештај беше отфрлен, со појаснување дека во него не се наведени доволно докази поради кои процесите на изборите на Русија и на Катар би биле поништени, и конкурсот повторно спроведен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП