22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија назадува за десет места во перцепцијата на корупцијата во 2015 година

Македонија назадува за десет места во перцепцијата на корупцијата во 2015 година

pravda 3330

Македонија се најде на 44 место според индексот на корупција изработен од World Justice Project (WJP), со резултат од 0.55, ако се знае дека најдобра оценка е 1, што е назадување од десет места во однос на извештајот за 2014 година, кога беше рангирана на 34 место.

Во регионот на Југоисточна Европа подобра од Македонија е Босна и Херцеговина која се најде на 40 место со резултат од 0.57, а зад Македонија се Албанија со 0.52 на 53 место и Србија со 0.50 на 60 место.

Од земјите во регионот кои се членки на Европската Унија, Бугарија е веднаш зад Македонија на 45 место со индекс од 0.55, а Грција и Хрватска се на 33 односно 35 место со ист индекс од 0.60.

Најдобро рангирани се земјите од Скандинавија, Данска на првото место, со ист индекс како и Норвешка која е втора од 0.87, а Шведска е трета, со индекс од 0.85.

На дното на листата се Зимбабве, Авганистан и Венецуела.

Резултатите за перцепција на корупцијата се добиени на анкета на 1.000 граѓани во секоја земја, а прашани се и локални експерти по право.

Главни показатели кои се следени се ограничувања на владината моќ; отсуство на корупција; отворена власт; основни права; ред и безбедност; спроведување на прописите; граѓанска правда; кривична правда и неформална правда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП