Потполно нов кросовер ќе претстави „Hyundai“ до крајот на оваа година, соопштија од корејската автомобилска компанија. Моделот ќе биде со компактни димензии и ќе го носи името „Creta“.
Дизајнот на новиот модел најверојатно ќе биде под влијание на концептот „ix25“.
Во моментов деталите на се многу, но станува јасно дека „Creta“ ќе се позиционира во сегментот на субкомпактните кросовери каде ќе конкурира со модели од категоријата на „Nissan Juke“.
Автомобилот ќе биде глобален модел, па ќе се нуди на сите светски пазари на кои е застапен брендот.
„„Creta“ е суштински дел од нашиот план за глобален раст. Моделот треба да му помогне на брендот да стигне до нова група корисници на утврдените светски пазари“, се наведува во информацијата.
Што се однесува до името, тоа е инспирирано од островот Крит (Crete).
„Сакавме името на моделот да поттикнува позитивни асоцијации со медитерански остров, познат по мирната средина и различните можности за забава на отворено“, велат од „Hyundai“.
Кросоверот „Creta“ ќе биде воведен на пазарот уште оваа година. Најнапред тој ќе се појави во Индија, а потоа и на другите пазари.