20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОвие смартфони имаат исклучителни екрани (фото)

Овие смартфони имаат исклучителни екрани (фото)

ekrani smartfoni

Еден од клучните елементи на секој паметен телефон е неговиот екран. Но, како да се утврди кои се најдобрите дисплеи?

Покрај резолуцијата, клучно е да имате предвид еден сооднос, што во голема мера ќе се утврди квалитетот на екранот – „PPI“ (пиксели на инч). Тоа е математички сооднос, што покажува колку пиксели можат да се визуелизираaт во квадратен инч од екранот.

ekrani smartfoni1

Колку повисок е овој однос, толку подобар е при визуелизација на екранот и со толку кристален лик се разликува тој. Според некои производители сепак (како на пример „Apple“), соодносот „PPI“ ​​и трката помеѓу производителите за повисоко до одреден момент, натаму станува бесмислено. Причината – човечкото око не може да разликува разлики во сликите при сооднос над 300 поени.

Постојат и други проблеми поврзани со однос „PPI“ од над 500, како што се поголемата потрошувачка на батеријата. А сепак, еве и кои се смартфоните со највисок сооднос „PPI“ на пазарот во моментов, рангирани од изданието „phonearena.com“:

5. „Meizu MX4 Pro“

ekrani smartfoni2

Има многу 5.5-инчни смартфони со резолуција на екранот од 2560 x 1440 пиксели и „PPI“ од 538. Она што го става овој модел на „Meizu“ на пристижното петто место, е малку поголемата резолуција на екранот од 2560 x 1536 пиксели, што му дава сооднос „PPI“ од 546. Другите спецификации на моделот вклучуваат 3 GB RAM меморија, 20.7 мегапикселна главна камера и батерија од 3350 mAh.

4. „HTC One M9 +“

ekrani smartfoni3

На многу начини, според повеќето експерти, овој модел е тоа што би требало да претставува оригиналниот „M9“. Тој доаѓа со 5.2 инчен дисплеј со резолуција од 2560 x 1440 пиксели и „PPI“ од 565. Тоа е еден од најбрилијантните дисплеи на пазарот. Слично на моделот „M9“, „М9 +“ е со алуминиумско куќиште кое го засилува чувството на паметен телефон од највисока класа. Смартфонот е со 3 GB RAM меморија и 32 GB внатрешна меморија. Негова главна камера е 20-мегапикселна, а предната е 4-мегапикселна. Располага со сензор за отпечатоци и батерија со капацитет од 2849 mAh.

3. „Motorola DROID Turbo“

ekrani smartfon4i

Уште еден паметен телефон со 5,2-инчен дисплеј и резолуција од 2560 x 1440 пиксели, како и „PPI“ од 565. Третата позиција се доделува поради поиздржливата батерија од 3900 mAh. Чипот е „Qualcomm Snapdragon 805“, а другите карактеристики вклучуваат 3 GB внатрешна меморија и 21-мегапикселна камера.

2. „Samsung Galaxy S5 LTE-A“

ekrani smartfoni5

Овој модел беше лансиран на пазарот минатата година како подобрена верзија на стандардниот модел „Galaxy S5“. Тој се одликува со 5.1-инчен екран со резолуција од 2560 x 1440 пиксели и „PPI“ од 576. Смартфонот е со чип „Qualcomm Snapdragon 805“, каков што е чипот на американската верзија на моделот „Samsung Galaxy Note 4“. Моделот е со 3GB RAM меморија и 16 -мегапикселна задна камера. Батеријата на овој уред е со капацитет од 2800 mAh.

1. „Samsung Galaxy S6 / S6 edge“

ekrani smartfoni6

Овој модел е со ист сооднос „PPI“ како горенаведениот, но ја заслужува првата позиција поради најдобри технички карактеристики. Двете верзии на моделот се со 5.1-инчен дисплеј со резолуција од 2560 x 1440 пиксели и „PPI“ од 576. Моделите се со 3 GB RAM меморија и 16-мегапикселна камера со оптичка стабилизација. Батеријата е со капацитет од 2 550 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП