27 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманци извадија 730 КС од G-Class (фото)

Германци извадија 730 КС од G-Class (фото)

imsa

Германската тјунинг работилница – „IMSA“, ја претстави својата верзија на теренецот „Mercedes-Benz G-Class“. По интервенција на инженерите на компанијата, моќноста на моторот достигнува 730 КС, а вртежниот момент импресивните 1035 Nm.

Компанијата ја преработи најмоќната модификација – „G 65 AMG“, која е опремена со 5,5-литарски „V8“ мотор. Новиот резултат е постигнат по поставувањето на издувниот систем со различни дистрибутивни цевки, како и на спортски катализатор.

imsa1

За подобрување на управувањето на теренецот се ставени нови амортизери, аеродинамичен бодикит од 16 делови, како и 22-инчни тркала. Со доплата клиентот може да си нарача некои елементи од карбон – решетка на радијаторот, куќишта на ретровизорите, капак и друго. Во кабината има кожа во две бои, како и одделни седишта за задните патници.

Неодамна Mercedes-Benz го обнови семејството „G-Glass“. Моќноста на 5,5-литарскиот „V8“ кај верзијата „G63 AMG“ беше зголемена за 25 КС и достигна 571 КС. Модификација „G 65 AMG“, исто беше доработена и од 612 КС сега нуди 630 КС. Надоградени беа и верзиите „G 350d“ и „G 500“.

imsa2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП