19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлатер поднесе оставка од челното место на ФИФА

Блатер поднесе оставка од челното место на ФИФА

Image (19)

Само четири дена откако го освои новиот мандатот, на чело на Меѓународната фудбалска федерација – ФИФА, Швајцарецот Сеп Блатер неочекувано во вторникот поднесе оставка.

Блатер во петокот го освои петтиот мандат на светската фудбалска асоцијација која ја води од 1998 година. Победи на изборите откако неговиот единствен противкандидат јорданскиот принц Али бин ал-Хусеин се откажа од кандидатурата по првиот круг од првото гласање кога Блатер имаше значителна предност.

Неговиот избор беше засенет од скандалот со апсење со поранешни и сегашни високи функционери на ФИФА, кои беа приведени во Цирих два дена пред изборите под обвинение кое вклучува и корупција и перење пари.

„Добро размислував за сé и за тоа како ги минав последните 40 години. Тие се тесно поврзани со ФИФА и таквиот чудесен спорт, како што е фудбалот. Ја сакам ФИФА сакам да сторам сé фудбалот да се развива. Решив да се кандидирам за претседател на ФИФА бидејќи сум уверен дека можам уште многу добро да направам за фудбалот“, рече Швајцарецот.

„Мислам дека овој потег е најдоброто што можев да го сторам во овој момент. Целиот живот работев за доброто на фудбалот и мислам дека мојата одлука е исправна“, порача Блатер.

ФИФА минува низ најлошите моменти во својата 111-годишна историја, се сомнева дека при доделувањата на организациите на светските првенства во 2018-та во Русија и во Катар во 2022-ра, членови на ФИФА добиел мито, а поради тоа организацијата ја напуштаат спонзори.

Во светот постојат мислења дека станува збор за политички мотивирани афери кои се водени против одземањето на организациите на првенствата особено во атмосфера на заладени односи меѓу Западот и Русија. Европската фудбалска асоцијација УЕФА дури најави и бојкотирање на првенството во 2018 година и организирање сопствен мундијал.

„На ФИФА ѝ се потребни промени и мојот наследник ќе биде познат по конгресот кој мора да се одржи што поскоро“, порача Блатер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП